| Македонско првенство | |
|
|
Автор | Порака |
---|
PATO_007 Двоен Модератор
Број на мислења : 398 Години: : 31
| Предмет: Македонско првенство Чет Jул 09, 2009 4:43 pm | |
| Се околу 1 и 2 МФЛ како и фудбалската репрезентација на Македонија пишувајте на темава. Кој ви е омилен Македонски клуб? ПОЗДРАВ МАКЕДОНЦИ. | |
|
| |
stolee Администратор
Број на мислења : 216
| Предмет: Re: Македонско првенство Чет Jул 09, 2009 5:19 pm | |
| Маќедонија Ѓорче Петров, најдобри се | |
|
| |
М@CED()NIA W{}LVE$ Модератор
Број на мислења : 147
| Предмет: Re: Македонско првенство Чет Jул 09, 2009 5:21 pm | |
| ѓорче петров зошто се од ѓорче и најнопрмално вардар | |
|
| |
slave_7 Двоен Модератор
Број на мислења : 144
| Предмет: Re: Македонско првенство Чет Jул 09, 2009 8:49 pm | |
| македонскиот фудбал се повеке тоне...одредени лица фудбалот го мешаат со политика не предвивувам ни малку светтла иднина на македонскиот фудбал | |
|
| |
Фликси Двоен Модератор
Број на мислења : 185 Години: : 26
| Предмет: Re: Македонско првенство Вто Jул 14, 2009 12:55 pm | |
| | |
|
| |
PATO_007 Двоен Модератор
Број на мислења : 398 Години: : 31
| Предмет: Re: Македонско првенство Пет Jул 24, 2009 12:37 pm | |
| Последната информација која пристигнува во македонскиот етер поврзана со македонскиот фудбал е поврзана со актуелниот шампион Македонија Ѓорче Петров.
Претседателот на ФК Македонија Ѓ.П Благоја Николовски и официјално поднел оставка од функцијата која досега успешно ја водеше во текот на изминатите години. Македонија Ѓ.П оваа година настапуваше во квалификациите од Лигата на Шампионите каде не успеа да го премине предизвикот наречен Бате Борисов, со кого на двапати загуби со 2-0 | |
|
| |
PATO_007 Двоен Модератор
Број на мислења : 398 Години: : 31
| Предмет: Re: Македонско првенство Сре Jул 29, 2009 11:13 am | |
| Полека но сигурно станува неизвесен стартот на македонското фудбалско првенство.
Утре ќе биде познато колку прволигашки екипи ќе се здружат во идејата да го бојкотираат почетокот и да го направат првиот чекор кон обновување на здружението на прволигашите.
На состанокот се најавуваат претставниците на поголем дел од екипите во елитната дивизија кои ќе треба да ги обединат своите ставови околу подобрување на организацијата на фудбалот кај нас.
Иницијативата за формирање на здружението кое претходно заврши неславно, па дури и бојкот на новото првенство, ја потврдија слога југомагнат преку Рафет Муминовиќ, Драган Поповски , претседателот на Работнички, и раководството на актуелниот шампион Македонија Ѓорче Петров, а ја поздрави и Круме Волнаров првиот човек на Пелистер.
Се очекува иницијативата да ја поддржат и Силекс, Хоризонт Турново, Металург и Ренова.
Се шпекулира дека поради морални обврски кон ФФМ, претставниците на Милано, Вардар, Тетекс и Победа нема да се појават на состанокот.
А во ФФМ сега засега без многу возбуда, ама навреме претседателите на сите клубови се најдоа на списокот гости за врзаната турнеја со репрезентацијата во Шкотска и во Норвешка.
Невообичаено рано, среде лето уште на првиот ден од август, в сабота почнува новиот 18-ти фудбалски шампионат на Македонија.
Ваквиот термин не значи и оти сите средби ќе бидат одиграни истовремено, туку стартното коло ќе биде развлечено во три дена. Поради настапот во УЕФА Европа лигата, Работнички ќе го вгости Металург в недела, а поради зафатеност на теренот во Турново со женските квалификации за лигата на шампионите, Хоризонт Турново и победа ќе се сретнат в понеделник.
Непосредно пред стартот на првенството, пет клубови од елитното друштво покренуваат иницијатива за обновување на здружението на прволигашите.
Ваква одлука, како што дознаваме, паднала на неформалниот состанок што денеска го одржале претставници на Македонија Ѓорче Петров, Работнички, Слога Југомагнат, Пелистер и на Хоризонт Турново.
За иницијативата уште веднаш со допис тие ќе ја известат фудбалската федерација на Македонија.
Идејата е преку здружението, клубовите во иднина сами да раководат со домашното првенство, а и да се обидат да ја поправат лошата финансиска ситуација во која се наоѓаат најголем дел од нив преку евентуално наоѓање генерален спонзор на лигата, или со намалување на трошоците за судиски и за делегатски такси.
Извори од се уште неформалното друштво се сомневаат дека дел од другите клубови кои со свои претставници не го удостоија денешниот собир најверојатно чувствуваат некакви обврски кон актуелното раководство на федерацијата. | |
|
| |
PATO_007 Двоен Модератор
Број на мислења : 398 Години: : 31
| Предмет: Re: Македонско првенство Саб Aвг 01, 2009 10:58 pm | |
| Три нерешени резултати и една гостинска победа ги одбележа првите четири натпревари од првото коло на новото фудбалско првенство на Македонија.
Шампионот Македонија ЃП одигра нерешено 2:2 на гостувањето кај новиот прволигаш Тетекс во Тетово.
Домаќините израмнија во последната минута за освојување на првиот бод.
И во натпреварот на екс шампионите Силекс - Вардар без победник 1:1, кратовчани изедначија во последната минута.
Во Битола без голови одиграа Пелистер и Слога Југомагнат.
Единствената победа од 2:0 ја постигна Ренова на гостувањето кај Милано.
Утре од 17 часот се игра натпреварот Работнички - Металург, додека в понеделник е последниот дуел од ова коло Хоризонт Турново - Победа. | |
|
| |
Mikiyo San Администратор
Број на мислења : 228 Години: : 29
| Предмет: Re: Македонско првенство Нед Aвг 02, 2009 12:01 am | |
| | |
|
| |
PATO_007 Двоен Модератор
Број на мислења : 398 Години: : 31
| Предмет: Re: Македонско првенство Нед Aвг 02, 2009 10:27 pm | |
| Работнички - Металург 1-1 Стрелци Тодоровски 15 минута за 1-0 и Гешоски во 88 минута за 1-1 | |
|
| |
PATO_007 Двоен Модератор
Број на мислења : 398 Години: : 31
| Предмет: Re: Македонско првенство Вто Aвг 04, 2009 8:01 am | |
| Хоризонт Турново - Победа 3-1 Стрелци за Турново Пандев 10 и 12 минута Ѓоргиев 84 минута | |
|
| |
PATO_007 Двоен Модератор
Број на мислења : 398 Години: : 31
| Предмет: Re: Македонско првенство Сре Aвг 12, 2009 8:09 pm | |
| Заврши и 2-то коло во 1МФЛ со следниве постигнати резултати
Ренова - Македонија Ѓ.П. 1-0 Вардар - Тетекс 3-1 Победа - Силекс 2-2 Слога - Турново 1-1 Металург - Пелистер 1-2 Милано - Работнички 0-2 | |
|
| |
PATO_007 Двоен Модератор
Број на мислења : 398 Години: : 31
| Предмет: Re: Македонско првенство Пет Aвг 21, 2009 1:16 pm | |
| Резултати од 3-то коло во 1МФЛ
Работнички - Ренова 2:1 Пелистер - Милано 3:1 Турново - Металург 1:1 Силекс - Слога 2:1 Тетекс - Победа 3:1 Македонија ЃП - Вардар 5:0
Првенствените натпревари нема да бидат одложени како оние од купот, но ФФМ и овде реагираше по инцидентот во Нерези пред и по натпреварот Македонија Ѓорче Петров - Вардар.
По препорака на МВР, комитетот за итност во ФФМ донел одлука за забрана на организирано патување на навивачките групи во траење од 6 месеци.
По истекот на предвидените 6 месеци управниот одбор заедно со телата на федерацијата дополнително ќе ја анализира состојбата.
„ФФМ ги осудува сите екстремни однесувања на фановите и вон фудбалските стадиони, и во рамките на пропишаните норми најстрого ќе го санкционира секое некоректно однесување на фудбалските натпревари“ стои во соопштението на официјалната веб страница.
Делегатите се овластени да го прекинат секој натпревар на кој ќе бидат скандирани националистички или какви било навредливи содржини.
Реакцијата на фудбалските власти е оправдана и навремена.
Но колку соопштенијата и голите забрани се авторитетни за Македонскиот менталитет останува прашање. | |
|
| |
PATO_007 Двоен Модератор
Број на мислења : 398 Години: : 31
| Предмет: Re: Македонско првенство Пон Aвг 24, 2009 10:01 am | |
| Резултати од некомплетното 4-то коло во 1МФЛ
Победа - Македонија ЃП 0-0 Милано - Турново 0-2 Работнички - Пелистер 3-0 Металург - Силекс 2-2
Одложени беа натпреварите Ренова - Вардар Слога - Тетекс | |
|
| |
Sponsored content
| Предмет: Re: Македонско првенство | |
| |
|
| |
| Македонско првенство | |
|