Албанскиот бизнисмен Резарт Тачи постигнал договор за купување на 80 отсто од акциите на италијанскиот фудбалски клуб „Болоња“.
Тачи, како што јавуваат италијанските медиуми, платил 20 милиони евра на италијанското семејство Менарини, кое беше досегашен сопственик на клубот.
Според договорот, кој се очекува да се официјализира наредните денови, Тачи ќе стане сопственик на Болоња, истиот, а семејството Менарини ќе има малцински удел.
Измените во италијанскиот клуб, како што пренесува Макфакс, нема да резултираат со измени во штабот или клупската управа.
Бизнисменот Тачи поседува синџир бензински пумпи во Албанија.