Комарец
Добредојдовте на Комарец Форум!
Комарец
Добредојдовте на Комарец Форум!
Комарец
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.


 
HomeGalleryLatest imagesБарајРегистрирајте сеВлез

 

 Fantasy Premier League 2010

Go down 
АвторПорака
BoMbA
Почетник
Почетник
BoMbA


Број на мислења : 44

Fantasy Premier League 2010 Empty
ПишувањеПредмет: Fantasy Premier League 2010   Fantasy Premier League 2010 EmptyСаб Jул 18, 2009 6:17 pm

Започнува новата сезона од ФАНТАЗИ.

За сите оние што ќе им биде прв пат еве ви линк--> http://fantasy.premierleague.com/

Значи бирате 15 фудбалери од сите англиски екипи. Морате да имате 5 одбранбени, 5 средина, 3 напад и 2 голмани.

Максималната вредност на тимот не сме да помине 100 милиони. Секој фудбалер си има одредена вредност и интересното е што неможете да ги одберете сите ѕвезди од тимовите, па ќе треба навистина да се помачите додека го најдете вистинскиот тим.

Еве како оди и бодувањето:

Голман: За непримен гол +4п, за секои 3 одбрани на натпревар +1п, за секои примени 2 гола -1п(ова важи и за одбраната), за одиграни барем 60 мин од натпреварот 2п(ова важи за сите), за асистенција +3п(ова важи за сите), за помалку од 60 минути на терен 1п(ова важи за сите), за жолт каротн -1п(ова важи за сите) и за црвен картон -3п(ова важи за сите).

Одбрана: За постигнат гол +6п, за непримен гол +4п

Средина: За постигнат гол +5п, за непримен гол +1п

Напад: За постигнат гол +4п

Напомена: На секој натпревар се доделувааат бонуси од 3п, 2п и 1п. Тоа оди за најдобрите играчи на тој дуел. Исто и имате можност да одберете капитен, кај него ви се дуплираат поените.

За секое коло можете да направите еден дозволен трансфер, но можете и повеќе ама при тоа ќе висе одземаат 4п од вашето конто. Имате и да искористите и вајлд карта. Тоа значи ако некогаш правите реконструкција на тимот за да не ви одземе поени кликате на тоа(тоа е само за еднаш во годината). Можете максимум 3 играчи од еден тим да одберете.



За да имате успешна сезона и да бидете топ менаџер потребни ви се околу 50-60 поени неделно.

Се разбира некои трансфери сеуште не се завршени, па така до стартот на првенството можете да го менувате колку сакате тимот и нема да ви бидат минусирани поените.

За пример: Џерард и Лампард се најскапи и вредат 12.5, така да тешко да ги искомбинирате заедно. Торес е 11.5, Фабрегас 10.5, Аршавин 11.0, Руни 11.0, Видиќ 8.0, Џонсон 7.5, Жирков 7.5, Тери 7.5 итн.



Ви посакуваме многу забава и успешна сезона. Има и награди за најдобрите. Тоа можете да го видите на официјалната страна.
Вратете се на почетокот Go down
 
Fantasy Premier League 2010
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-
» Pro Evolution Soccer 2010
» Лига на Шампиони 2009/2010
» Лига Европа 2009/2010

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Комарец :: Компјутери и Технологија :: Игри-
Отиди до: