Учителката ги испрашува децата на буква, на буква. Трпе цело време крева рака ама оваа не го дига бидејќи знае дека ќе тресне нешто безобразно. Дошла до буквата Ф, само Трпе крева рака а учителката решава да му даде шанса, бидејќи нема ништо безобразно на таа буква.
- Ајде Трпе, кажи збор на Ф?
- Фичка!
- Трпе, па не постои таков збор бе дете.
- Фостои, фостои!
Се буди Трпе од кома, Трпана седи до него и целата е среќна:
- Трпано се сеќаваш ли ти, кога ја изгубив работата, сите ми се смееја само ти беше со мене?
- Да душо.
- А, се сеќаваш кога ми пропадна бизнисот, ти пак беше со мене?
- Да злато.
- А, кога се слупав со колата, 10 дена и ноќи ти беше до мене?
- Да бе миличок.
- И, знаеш до каков заклучок дојдов после толку време?
- Кажи срце.
- Баксуз си ми Трпано, баксуз!
Наставничката им дала задача на децата да нацртаат цртеж слушајќи музика од Бетовен.
Диме нацртал расцветано поле и деца како си играат.
-"Ода на радоста", - го објаснил Диме цртежот.
Стефан нацртал ливада и овчар со овци.
-"Пасторала", го објаснил Стефан својот цртеж.
Малиот Трпе нацртал патлак, а наставничката шокирана го
прашала:
-Што ти е ова Трпе?
-"За Елиза".
Трпе се враќа од школо дома, и слуша некои чудни звуци од спалната соба од татко му и мајка му. Влага внатре, ги гледа двајцата голи еден на друг. И ги прашува:
- тато што и правиш на мама?
Таткото се засрамил и му рекол. Еве сине и правам на мајкати бебе. Трпе се насмеал и легнал до нив и му рекол на татко му:
- тато ај мене направими камионче.
Кај Св. Петар дошле Италијанец, Германец и Трпе.
Петар ги прашува што се случило:
Италијанец: - Па дигнаф 220 со моето ферари.
Германецот: - Па дигнаф 250 со мерцедесот.
Трпе: - Јас си купиф нова кола.
И? - прашал Св. Петар.
Трпе: - И умрев од глад.
Трпе отишол на ручек кај родителите на девојката. Седат на маса и таткото на девојката:
- Ај Трпе да наздравиме!
- Јас со сокче ќе се чукнам, не пијам алкохол.
- Браво бе, а пушиш?
- Не!
- Да не се коцкаш?
- Скраја да е, ни у кладилница не влагам!
- Аман бе Трпе, имаш некоја мана?
- Пааа... по малку подлажувам!