Менаџерот на Челзи Карло Анчелоти нема намера да купува повеќе играчи ова летото, пренесува весникот „Тајмс”.
Екипата од Лондон си ги обезбеди услугите на Јури Жирков, Даниел Стариџ и Рос Тарнбул.
И покрај тоа што на големо се зборуваше дека Андреа Пирло ќе биде исто така играч на Челзи, во последен момент од Милан објавија дека до трансфери нема да дојде.
„Нема да купуваме повеќе, затоа што мислам дека тимот е добро пополнет на сите позиции. Не ни требаат други засилувања, така што не очекувајте други трансфери“, изјавил Анчелоти.
„Никогаш не сум имал намера да ги продавам Карваљо и Деко. Тие се важни играчи за Челзи“, додал италијанскиот стручњак.