Првиот ден, Бог го направил кучето и му рекол: „Седи по цел ден покрај твојата куќичка и лај по секој што ќе дојде или ќе помине. За возврат, ќе ти дадам да живееш дваесет години.“
Кучето рекло: „Не ми се лае толку долго. Може ли само десет години, а јас да ти ги вратам другите десет?“
Господ се согласил.
Вториот ден, Бог го направил мајмунот и му рекол: „Занимавај ги луѓето, прави финти и терај ги да се смеат. Ќе ти дадам 20 години живот.“
Мајмунот одговорил: „Да правам мајмунлаци 20 години? Тоа е многу долго време. Може ли да ти вратам десет, како кучето што направи?“
И Бог повторно се согласил.
Третиот ден, Господ ја направил кравата и и’ соопштил: „Ќе мораш да одиш во полето со фармерот, по цели денови да се печеш на сонце, да му раѓаш телиња и да му даваш млеко за да може да го издржува семејството. За трудот ќе добиеш животен век од 60 години.“
И кравата се побунила, велејќи: „Прилично е напорен животот што бараш од мене да го живеам шеесет години. Може ли да ти вратам четириесет?“
„Може.“
Четвртиот ден, Бог го створил човекот и му рекол: „Јади, спиј, забавувај се, ожени се и уживај во животот. Ќе ти дадам дваесет години живот.“
Човекот на тоа одговорил: „Само дваесет? Можеш ли некако да ми ги префрлиш и 40-те од кравата, 10-те што ти ги врати мајмунот и 10-те од кучето? Тоа се осумдесет, во ред е?“
„Во ред“, одговорил Господ. „Сам си го бараше.“
И така човекот првите дваесет години јаде, спие, се заебава и ужива. Наредните четириесет ринта како вол за да го издржува семејството. Следните десет се глупира за да ги занимава внуците. И последните десет дреме пред врата и лае по сите.