Што би одбрале да купите за цена до 15.000 евра?
Ме интересира што мислите односно што предлагате за цена до 15.000 евра, пред се мислењата на оние кои веќе имаат таков автомобил, нивните искуства со него, неговите предности и недостатоци..
Инаку повод за темава ми даде тоа што имам намера да купам нова кола до наведената цена, секако ќе надевам неколку модели кои спаѓаат тука, пред се има две работи што ме интересираат најмногу, тоа се брзината и комфорноста во колата..
Тука спаѓаат моделите на Golf V, Golf VI, Fiat Bravo, Opel Astra, Kia Ceed, Mazda 3, Toyota Auris, Seat Ibiza, Seat Cordoba, Toyota Corolla..
Можеби некои од новиве заборавив, ама воглавно тоа е тоа.. и секако се работи за исклучиво нов автомобил..