Двајцата македонски пливачи Бојан Јованов и Сергеј Наумовски претпладнето пливаа на квалификациите на 100 метри слободно на Светското првенство што се одржува во Рим. Јованов го освои 131-то место, а Наумовски беше 132-ри.
Вкупно 202 пливачи се појавија во оваа дисциплина на квалификациите. Двајцата пливаа во првата квалификациона група и се пласираа на втората, односно третата позиција во групата.
Јованов патеката ја исплива за 53 секунди и 27 стотинки, додека Наумовски заостана три стотинки зад Јованов и постигна време од 53.30.
До крајот на шампионатот Сергеј Наумовски и Александар Јеремиќ треба да стартуваат во трката на 50 метри слободно. Квалификациите во оваа дисциплина се в петок.