спортот тоне се повеке и повеке,фиа си ја е**ат мајката па спортот го прават понеквалитетен
PATO_007 Двоен Модератор
Број на мислења : 398 Години: : 31
Предмет: Re: ФОРМУЛА 1 Чет Jул 09, 2009 9:36 pm
Навивам за Ферари ајде Ферари можете вие и подобро а за ова разделбата што се најавуваше веќе одамна се помирија ФИА и ФОТА.
slave_7 Двоен Модератор
Број на мислења : 144
Предмет: Re: ФОРМУЛА 1 Чет Jул 09, 2009 10:01 pm
јас навивав за ферари до 2005 година поради михаел шумахер но подоцна ми стана одвратен па од тогаш почнав да навивам за хонда(денешен браун гп)
М@CED()NIA W{}LVE$ Модератор
Број на мислења : 147
Предмет: Re: ФОРМУЛА 1 Пет Jул 10, 2009 1:17 pm
ферари фан
stolee Администратор
Број на мислења : 216
Предмет: Re: ФОРМУЛА 1 Пет Jул 10, 2009 1:25 pm
И јас навивам за Ферари ама не следам многу формула 1
PATO_007 Двоен Модератор
Број на мислења : 398 Години: : 31
Предмет: Re: ФОРМУЛА 1 Нед Jул 12, 2009 8:51 am
Квалификации за големата награда на Германија-РЕЗУЛТАТИ ОД ПРВИТЕ 8 ПОЗИЦИИ 1. Марк Вебер 1:32.230 2. Рубенс Баричело 1:32.357 3. Џенсон Батон 1:32.473 4. Себастијан Фетел 1:32.480 5. Луис Хамилтон 1:32.616 6. Хеики Ковалаинен 1:33.859 7. Адриан Сутил 1:34.316 8. Фелипе Маса 1:34.574
GemmaAtkinson Двоен Модератор
Број на мислења : 151
Предмет: Re: ФОРМУЛА 1 Нед Jул 12, 2009 1:37 pm
ФЕРРАРИ од кога знам за себе
PATO_007 Двоен Модератор
Број на мислења : 398 Години: : 31
Предмет: Re: ФОРМУЛА 1 Нед Jул 12, 2009 10:34 pm
Резултати од оние кои освоија бодови на денешната трка во Нирбурдинг - Германија 1. Марк Вебер (Ред Бул) Победник 2. Себастијан Фетел (Ред Бул) +9.2 3. Фелипе Маса (Ферари) +15.9 4. Нико Розберг (Вилијамс) +21.0 5. Џенсон Батон (Браун ГП) +23.6 6. Рубенс Баричело (Браун ГП) +24.4 7. Фернандо Алонсо (Рено) +24.8 8. Хеики Ковалаинен (Мекларен) +58.6
Ljube-AcMilan Почетник
Број на мислења : 35 Години: : 30
Предмет: Re: ФОРМУЛА 1 Пон Jул 13, 2009 3:03 pm
честитки за Ред Бул за 1-2 победата во Нирнбургинг ,ЈА намалија разликата во пласманот на конструктури на ред е Фетел или ВЕбер да го сторат истото и во пласманот на возачи ама многу тешко
PATO_007 Двоен Модератор
Број на мислења : 398 Години: : 31
Предмет: Re: ФОРМУЛА 1 Нед Jул 26, 2009 12:27 am
Фернандо Алонсо ја заработи 18-тата пол-позиција во кариерата, со оглед дека беше на првото место на квалификациите за формула еден трката во Хунгароринг во моментот кога Фелипе Маса од Ферари доживеа тешка несреќа.
Неидентификуван предмет го удри бразилецот, кој најверојатно ја загуби свеста и директно удри во еден од заштитните ѕидови на патеката.
Според клупски информации, Маса е во свесна состојба, но се уште не се знае какви би можеле да бидат последиците за неговото здравје.
Од рено ќе тргне од пол-позицијата, а зад него ќе бидат клупските колеги од Ред Бул Себатсијан Фетел и Марк Вебер, на утрешната трка од шампионатот во формула еден, на патеката Хунгароринг, за големата награда на Унгарија.
Таков беше пласманот на денешните квалификации кои беа прекинати по вториот круг поради несреќата на Фелипе Маса од Ферари.
Во пресрет на утрешната трка за големата награда на Унгарија зад Алонсо на стартот ќе бидат клупските колеги од Ред Бул Себастијан Фетел и Марк Вебер, вториот и третиот во генералниот поредок кај пилотите.
Водечкиот Џенсон Батон ќе ја има осмата почетна позиција.
По девет трки сезонава кај конструкторите и натаму недостижен е Браун Џи-Пи, најблизу до него е Ред Бул.
PATO_007 Двоен Модератор
Број на мислења : 398 Години: : 31
Предмет: Re: ФОРМУЛА 1 Нед Jул 26, 2009 12:14 pm
Бразилскиот пилот на Ф1-тимот од италијански Ферари, како што наведува истиот извор, се наоѓа надвор од животна опасност.
Но, и покрај тоа, му следат прегледи со компјутеризирана томографија (ЦТ), по што попрецизно ќе биде одредена неговата состојба, како и евентуалните последици од несреќната ситуација на Хунгароринг.
Бразилецот страдаше во текот на втората рунда од официјалниот тренинг за Големата Награда на Унгарија, откако што дел од болидот на Рубенс Баричело се одби во неговата глава.
Бразилецот најпрво беше удрен по кацигата од делче што излета од болидот на Рубенс Барикело од Браун ГП со брзина поголема од 280км/ч пред четрвртиот свиок на патеката при што Маса за кратко ја загуби свеста и со брзина околу 200км/ч се удри во оградата од гуми поставена покрај паетката.
После тоа Фелипе брзо беше изваден од болидот и беше транспортиран до медицинскиот центар кој е поставен на пистата а откако му беше укажана прва медицинска помош, со хелихоптер беше пренесен во една од болниците во Будимпешта.
Сепак при транспортот на носилка до хелихоптерот стана јасно дека Фелипе е свесен и дека не е ништо посериозно.
После завршувањето на тренинг сесијата Рубенс Барикело даде интервју во кое појасна дека лично зборувал со Фелипе и дека тој бил свесен. „Беше во шок од случката и имаша рана на главата. Докторите му дадоа сретство за смирување бидејќи беше премногу возбуден но сепак ги движеше и рацете и нозете“, објасна Рубенс.
Во вечерните часови веќе стана јасно дека денеска нема да го видиме Фелипе на пистата во Унгарија а тоа е потврдено и од штабот на Ферари.
„Синоќа Маса имаше успешна операција во болницата АЕК во Будимпешта. Бразилецот останува под болничка ега во интензивното одделение. Фелипе имаше фрактура на черепот, мозочен удар и мала рана на челото“.
PATO_007 Двоен Модератор
Број на мислења : 398 Години: : 31
Предмет: Re: ФОРМУЛА 1 Нед Jул 26, 2009 11:00 pm
Луис Хамилтон со својот Мекларен Мерцедес ја забележа првата победа во годинашната сезона од Формула 1 на патеката Хунгароринг во Унгарија.
Мекларен драстично го подобриле својот болид во пресрет на оваа Голема Награда на Унгарија а исто така очигледно е дека и Ферари доста напредувале со втората позиција на Кими Раиконен за разлика од нив водечките во генерален пласман Браун ГП комплетно разочараа и на оваа писта и освоија само 2 поени преку Џенсон Батон.
Третото место му припадна на Марк Вебер на Ред Бул а неговиот клупски колега Себастијан Фетел мораше да се откаже од трката поради технички проблем на својот болид.
Останати возачи кои освоија поени за големата награда на Унгарија се четвртиот Нико Розберг кој се најде пред Хајки Ковалаинен и Тимо Глок, седмо место и два поени освои водечкиот во генералниот пласман Џенсон Батон а додека со еден поен и осма позиција мораше да се задоволи Јарно Трули.
slave_7 Двоен Модератор
Број на мислења : 144
Предмет: Re: ФОРМУЛА 1 Вто Jул 28, 2009 10:39 am
Тешка трка беше оваа...се надевам дека фелипе ке биде ок и ке се врати што побргу,според последните информации ке одсуствува до крајот на сезоната
PATO_007 Двоен Модератор
Број на мислења : 398 Години: : 31
Предмет: Re: ФОРМУЛА 1 Сре Jул 29, 2009 11:16 am
Иднината на тимот на БМВ во Формула 1 е донесен под знак прашалник, по слабите резултати во изминативе три години.
Германскиот автомобилски гигант утринава свика итна прес-конференција, во која наведе дека е можно да се повлечат од шампионатот.
Пилотите на БМВ Ник Хеидфилд и Роберт Кубица имаат освоено вкупно осум поени во овогодинешните трки, па оттука и незадоволството во тимот.
„Имавме рок од три години за освојување титула. Резултати нема, а вложувањата се многу големи“, изјавија на прес-конференцијата првите луѓе на БМВ.
Возачот на Ферари Фелипе Маса успешно се опоравува по тешката несреќа на Хунгароринг и можно е да биде пуштен од болница до крајот на оваа недела.
Директорот на Ферари Стефано Доменикали и неговиот претходник Жан Тод, како и семејството на Маса, го посетија Бразилецот во болницата АЕК, а лекарите соопштија дека возачот на Ферари мора да се опоравува „чекор по чекор”.
Лекарскиот тим во болницата во Будимпешта наведоа дека Маса до крајот на оваа недела би можел да биде пуштен на домашно лекување.
PATO_007 Двоен Модератор
Број на мислења : 398 Години: : 31
Предмет: Re: ФОРМУЛА 1 Чет Jул 30, 2009 4:18 pm
Маса прифаќа да биде заменет од Шумахер, подготовките за трките почнуваат од денес.
Седумкратниот светски шампион во формула 1, Михаел Шумахер се враќа во екипата на Ферари.
Тој ќе учествува во седумте преостанати трки од оваа сезона.
Шумахер се пензионираше на крајот на 2006, но повторно ќе влезе во болидот на ферари на европското гранд при на 23ти август. Веста ја објави германскиот весник билд за кого Шумахер лично потврди дека ќе ги вози преостанатите трки и воедно му се заблагодари на господ што Фелипе Маса е вон животна опасност.
„Поради лојалност кон тимот не можам да ја игнорирам оваа несреќна ситуација“ изјави поранешниот возач на ферари.
Од германската тркачка легенда се очекува со неговото враќање во болидот на ферари да направи сензационален камбек.„вистина е дека јас сум ја завршил својата авантура во формула 1, но не можам да не одговорам на таквото барање на мојот тим кој се наоѓа во еден тежок момент“, додаде освојувачот на пет шампионски титули за ферари Шумахер.
Вчера попладне Шумахер се сретна со директорот и со претседателот на ферари, по што решија тој да почне со подготовки за превземање на местото на Фелипе Маса.
Германската ѕвезда на трките во формула 1 и рекордерот во овој спорт, изминатите 3 години работеше како консултант во тимот на ферари.
PATO_007 Двоен Модератор
Број на мислења : 398 Години: : 31
Предмет: Re: ФОРМУЛА 1 Вто Aвг 04, 2009 9:26 am
Девет дена по несреќата која му се случи на Хунгароринг, возачот на ферари, Фелипе Маса, денеска ја напушти воената болница во Будимпешта и замина за својата татковина.
По неизвесноста и многуте темни сценарија за иднината на бразилецот, тој претпладнево за прв пат се појави пред медиумите. Повредите не оставиле трага на неговиот дух, па уште во првата изјава откри на што најмногу размислувал при заздравувањето. „во моментов сум многу среќен и во состојба која континуирано се подобрува. Нестрплив сум да му се вратам на болидот и на возењето, ќе видиме колку време ќе ми биде потребно, но јас мислам дека тоа ќе биде набргу“- беа зборовите на 28-годишниот Маса, кој со приватен авион во придружба на сопругата и својот личен доктор денеска отпатува за Сао Пало.
Во некоја од локалните болници ќе мине два дена за дополнителни тестирања, по што конечно ќе биде пуштен дома.
Што се однесува до неговата замена во конкуренцијата, германецот Михаел Шумахер, Маса кратко коментираше дека седумкратниот шампион е најсоодветното решение за ситуацијата и дека е сигурен во успехот на 40-годишниот тимски колега.
Првата можност да ги оправда очекувањата, Шуми ќе ја има на 23-ти во Валенсија, за кога е закажано европското гран-при.