Комарец
Добредојдовте на Комарец Форум!
Комарец
Добредојдовте на Комарец Форум!
Комарец
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.


 
HomeGalleryLatest imagesБарајРегистрирајте сеВлез

 

 Фудбалски вести

Go down 
3 posters
АвторПорака
stolee
Администратор
Администратор
stolee


Број на мислења : 216

Фудбалски вести Empty
ПишувањеПредмет: Фудбалски вести   Фудбалски вести EmptyЧет Jул 09, 2009 1:22 am

Овде можете да ги пишувате сите фудбалски вести...

Реал утре на Бернабе ќе го презентира и Карим Бензема

Фудбалски вести Benzema-300-karim

Екипата на Реал Мадрид потврди дека утре на Сантијаго Бернабе во 21 часот ќе го презентира и Карим Бензема
На 1 јули екипата на Лион потврди дека е постигната согласност со Реал Мадрид за трансфер на Карим Бензема на Сантијаго Бернбе.

Кралевите сега се подготвуваат за нов спектакал бидејќи презентацијата на големиот Француски талент е закажана за утре на Сантијаго Бернабе со почеток во 21 часот.

Вратите на Бернабе повторно ќе бидат ширум отворени за фанвоите но не се очекува да има иста посетоност како онаа на Роналдо или Кака.

Сеуште не се знае која бројка ќе ја одбере Бензема бидејќи 10та е веќе зафатена од Весли Снајдер а 9та ја доби Кристијано Роналдо.

Медиумите шпекулираат дека Французинот можно е да го добие бројот 19 кој сега му припаѓа на Клас Јан Хунтелар, бидејќи голема е веројатноста Холанѓанецот ова лето да замине од Реал.

Последните извештаи говорат дека Реал е во напредна фаза од преговорите со Штутгарт за трансферот на Хунтеалар и можно е целата зделка официјално да биде комплетирана пред презентацијата на Бензема.
Вратете се на почетокот Go down
https://klik.macedonianforum.net
PATO_007
Двоен Модератор
Двоен Модератор
PATO_007


Број на мислења : 398
Години: : 31

Фудбалски вести Empty
ПишувањеПредмет: Re: Фудбалски вести   Фудбалски вести EmptyНед Jул 12, 2009 10:37 pm

Денес

Македонија ЃП - БАТЕ Борисов, директно на А1 ТВ во 17 часот


Работнички - Крусејдерс
20 часот и 45 минути на стадионот Лурган Парк
Вратете се на почетокот Go down
Фликси
Двоен Модератор
Двоен Модератор
Фликси


Број на мислења : 185
Години: : 26

Фудбалски вести Empty
ПишувањеПредмет: Re: Фудбалски вести   Фудбалски вести EmptyВто Jул 14, 2009 12:51 pm

PATO_007 напиша:
Денес

Македонија ЃП - БАТЕ Борисов, директно на А1 ТВ во 17 часот


Работнички - Крусејдерс
20 часот и 45 минути на стадионот Лурган Парк
Каде може да ја гледаме?
Вратете се на почетокот Go down
PATO_007
Двоен Модератор
Двоен Модератор
PATO_007


Број на мислења : 398
Години: : 31

Фудбалски вести Empty
ПишувањеПредмет: Re: Фудбалски вести   Фудбалски вести EmptyЧет Jул 16, 2009 11:40 am

Кумановскиот прволигаш, Милано, денеска со почеток од 17 часот пред своите гледачи ќе го пречека хрватски Славен Белупо во првиот меч од второто квалификациско коло за Лига Европа.
Влезниците за единствената трибина на стадионот на Милано се пуштени во продажба по цена од 100 денари. Средбата ќе ја води шпанска судиска четворка на чело со Фернандо Тешеира Витие

Натпреварот ќе може да го проследите на А1 телевизија со почеток во 17 часот.
Вратете се на почетокот Go down
PATO_007
Двоен Модератор
Двоен Модератор
PATO_007


Број на мислења : 398
Години: : 31

Фудбалски вести Empty
ПишувањеПредмет: Re: Фудбалски вести   Фудбалски вести EmptyЧет Jул 16, 2009 11:50 am

Flixxi напиша:
PATO_007 напиша:

Работнички - Крусејдерс
20 часот и 45 минути на стадионот Лурган Парк
Каде може да ја гледаме?
Реми 1-1 на дебармаалци во Белфаст со Крусејдерс од Северна Ирска, во првиот натпревар од второто претколо на уефа-европа лигата.
Со голот на Боби Божиновски Работнички водел од 47-та минута и бил на прагот на гостински триумф со кој реваншот би го направил многу поедноставен, но домашниот тим изедначил во 90-та минута преку Рејни, така што патникот во наредната рунда ќе се решава следниот четврток во Скопје.

Нерешениот резултат сепак го става нашиот тим во многу поповолна ситуација да се надева на барем уште еден меѓународен двомеч.
Вратете се на почетокот Go down
PATO_007
Двоен Модератор
Двоен Модератор
PATO_007


Број на мислења : 398
Години: : 31

Фудбалски вести Empty
ПишувањеПредмет: Re: Фудбалски вести   Фудбалски вести EmptyЧет Jул 23, 2009 4:01 pm

http://www.transfermarketweb.com/?action=read&idsel=40028
Колумбискиот напаѓач Ентони Де Авила одлучил да ја продолжи својата фудбалска кариера по 10 гидишна пауза.Тој последниот натпревар го одиграл на 36 години во 1999 година за еквадорскиот тим Барселона Гвајакил.Сега ја продолжува кариерата во клубот Америка Де Кали.Тој е најдобриот стрелец во историјата на еквадорскиот тим.Освоил 7 лигашки титули во Колумбија и постигнал 201 гол.За својата репрезентација на 53 настапи постигнал 13 гола.
Вратете се на почетокот Go down
PATO_007
Двоен Модератор
Двоен Модератор
PATO_007


Број на мислења : 398
Години: : 31

Фудбалски вести Empty
ПишувањеПредмет: Re: Фудбалски вести   Фудбалски вести EmptyПет Jул 24, 2009 12:41 pm

Манчестер Сити ќе игра пријателски натпревар со Барселона на Ноу Камп на 19ти август.
На таа дата Манчестер Сити требаше да игра натпревар од Премиер лигата против Евертон, но Карамелите играат во Европа па тој натпревар е одложен.
Манчестер Сити тој датум ќе го пополни со атрактивен пријателски натпревар со Барселона на Ноу Камп.

Барселона и Сити имаат одлични контакти, тие имаат одиграно пет меѓусебни натпревари а во 2003та Каталонците гостуваа на отварањето на стадионот на Манчестер.

Тогаш Сити го доби тој натпревар со головите на Анелка и Синклер.
Вратете се на почетокот Go down
PATO_007
Двоен Модератор
Двоен Модератор
PATO_007


Број на мислења : 398
Години: : 31

Фудбалски вести Empty
ПишувањеПредмет: Re: Фудбалски вести   Фудбалски вести EmptyНед Jул 26, 2009 10:02 am

Американската МЛС лига го казни Дејвид Бекам со 1000 долари поради инцидентот што се случи за време на натпреварот меѓу Лос Aнџелес Галакси и Милан.

Откако пропушти дел од сезоната во МЛС лигата Бекам налути дел од гледачите на Галакси кои му свиреа во текот на целиот меч со Милан.

Тој се доближувајќи до трибините и проба да се пресмета со поедини навивачи повикувајќи ги да слезат доле на терен.

Сепак припадниците на обезбедувањето брзо реагираа и ја смирија целата ситуација.

Англискиот интернационалец изјави дека не е вознемирен од довикувањата од трибините бидејќи тој ја игра својата игра, а дали навивачите го исвиркуваат или не, е неважно.
Вратете се на почетокот Go down
PATO_007
Двоен Модератор
Двоен Модератор
PATO_007


Број на мислења : 398
Години: : 31

Фудбалски вести Empty
ПишувањеПредмет: Re: Фудбалски вести   Фудбалски вести EmptyСре Jул 29, 2009 11:18 am

Полската полиција уапси елитен фудбалски судија, како и еден помошник судија, во рамки на истрагата за корупција во локалниот фудбал.

Двајцата судии се приведени од полицијата во североисточниот град Сувалки.

Тие ќе бидат испрашани од Обвинителството во Вроцлав и најверојатно против нив ќе бидат подигнати обвиненија, соопшти портпаролот на антикорупцискиот оддел Темистоклес Бродовски.

Истрагата за корупција во полскиот фудбал започна во 2005 година.

Досега за местење на натпревари и резултати се обвинети 230 лица, меѓу кои има членови на полската федерација, тренери, судии и фудбалери.

Претходно годинава, судот во Врацлав изрече казни затвор од 4 до 17 години на 17 официјални лица и судии заради вмешаност во најголемиот скандал во полскиот фудбал.
Вратете се на почетокот Go down
PATO_007
Двоен Модератор
Двоен Модератор
PATO_007


Број на мислења : 398
Години: : 31

Фудбалски вести Empty
ПишувањеПредмет: Re: Фудбалски вести   Фудбалски вести EmptyЧет Jул 30, 2009 4:22 pm

Фудбалерите и целиот состав на „Манчестер Јунајтед“ биле цел на терористичкиот напад врз хотелот "Рич-Карлтон" во Џакарта, извршен пред две недели, пишува лондонскиот весник „Тајмс“, повикувајќи се на пораката од Интернет страницата за која се верува дека му припаѓа на најбараниот терорист во Индонезија, Мохамед Тап.

Како што јави дописникот на МИА од Лондон, во пораката се вели дека двата хотели биле одбрани за бомбашките напади, во кои беа убиени седум лица, бидејќи таму требаше да гостуваат фудбалерите на „Манчестер Јунајтед“, кои еден ден по терористичките акции требаше во Џакарта да играат фудбалски натпревар.

- Фудбалерите се христијани, па затоа муслиманите не би требало да имаат почит кон овие непријатели на Алах, се наведува во пораката на Интернет страницата на индонезиската екстремистичка група.

Пораката е напишана на индонезиски и на арапски јазик. По информацијата дека е нападнат хотелот каде требаше да престојуваат фудбалерите и раководството на Манчестер, клубот во последен момент го откажа своето гостување во Индонезија, земја каде фудбалот и посебно овој клуб се мошне популарни.
Вратете се на почетокот Go down
PATO_007
Двоен Модератор
Двоен Модератор
PATO_007


Број на мислења : 398
Години: : 31

Фудбалски вести Empty
ПишувањеПредмет: Re: Фудбалски вести   Фудбалски вести EmptyСаб Aвг 01, 2009 11:08 am

Еден од најголемите и најхаризматични англиски фудбалски тренери Боби Робсон денеска почина на 76-годишна возраст, по тешка и долга борба со ракот.

Британските медиуми пишуваат дека сер Боби Робсон најмногу ќе биде запаметен по водењето на англиската фудбалска репрезентација на Светското првенство 1990 година во Италија, кога Гордиот Албион беше запрен во полуфиналеото на мундијалот.

Робсон ги предводеше и англиските премиерлигаши Фулам и Ипсвич, во кои на клупата седеше 13 години и со нив го освојуваше ФА купот и Купот на УЕФА.

Покрај овие два клуба, тој ги водеше и ПСВ Ајндховен, Спортинг Лисабон, Порто и барселона, а карирата ја заврши во Њикасл.

Во 20-годишната играчка кариера Робсон настапуваше за Фулам, Вест Бромвич Албион и многу кратко за Ванкувер Ројалс.

Во својата играчка кариера тој за англиската фудбалска репрезентација настапи 20 пати и даде четири гола.

Со болеста се бореше од 1991 година, а во август лани соопшти дека има рак на белите дробови.

„Ќе умрам порано или подоцна. Секој еднаш мора да си замине, а јас уживав во секоја минута од својот живот“ изјави Робсон минатата година.
Вратете се на почетокот Go down
PATO_007
Двоен Модератор
Двоен Модератор
PATO_007


Број на мислења : 398
Години: : 31

Фудбалски вести Empty
ПишувањеПредмет: Re: Фудбалски вести   Фудбалски вести EmptyПон Aвг 03, 2009 8:21 am

Македонските спортски вљубеници денеска добија празничен подарок со кој ќе се гордее цела држава.

Илинденски, свечено беше отворена северната трибина на арената „Филип Втори“, некогашниот градски стадион во Скопје.

Нашиот најголем спортски објект станува вистинска убавица.

Север е изграден според сите стандарди на ФИФА и на УЕФА, има капацитет од 10 илјади и 17 седишта, седум влеза, вип дел со 434 места, новинарски кабини, сала за прес-конференции, безбеден пристап за играчите и за официјалните лица до соблекувалните, просторија за медицински третман, комплетно опремени санитарни јазли.

Проектот што чинеше 805 милиони денари го финансираше владата на република македонија која обезбеди средства во периодот до 2012-та година да бидат изградени и запад и исток, но и за реновирање на јужната трибина и на теренот.

„Филип Втори“ во новото руво ќе можеме да го почувствуваме на 12-ти август, кога во рамки на прославата „сто години фудбал кај нас“, македонската репрезентација ќе одигра пријателски натпревар со актуелниот европски првак, селекцијата на Шпанија.
Вратете се на почетокот Go down
PATO_007
Двоен Модератор
Двоен Модератор
PATO_007


Број на мислења : 398
Години: : 31

Фудбалски вести Empty
ПишувањеПредмет: Re: Фудбалски вести   Фудбалски вести EmptyСре Aвг 05, 2009 9:53 pm

Репрезентативецот на Македонија Величе Шумуликовски и официјално го комплетирал трансферот со Престон напуштајќи го составот на Ипсвич каде досегашен менаџер му беше легендарниот Рој Кин.

"Многу сум среќен што сум тука, во овој брилијантен клуб, со фантастичен менаџер и стручен штаб. Јас сакав да дојдам тука и претходно, сепак поради некои компликации тоа не се случи, но сега сум тука. Јас сум дефанзивен фудбалер од средниот ред и ќе дадам се за да се докажам пред мојот нов менаџер. Имаме долга сезона пред нас и се надевам дека ќе работам напорно во многу од тие натпревари" - изјави Шумуликоски. Величе неколкупати досега беше поврзуван со преселба во Престон па еве дочека и таа желба да му биде исполнета по скоро една година.
Вратете се на почетокот Go down
PATO_007
Двоен Модератор
Двоен Модератор
PATO_007


Број на мислења : 398
Години: : 31

Фудбалски вести Empty
ПишувањеПредмет: Re: Фудбалски вести   Фудбалски вести EmptyСре Aвг 12, 2009 11:01 am

Бразилскиот репрезентативец и новата ѕвезда на Реал Кака, лутал подолго време низ улиците на Талин каде што „Кариоките“ треба да го одиграат пријателскиот натпревар со Естонија.

По се изгледа ориентацијата му е слаба страна на бразилската ѕвезда. Кака одлучил малку да се прошета по улиците на главниот град на Естонија, но по некое време сфатил дека не го знае патот назад до хотелот каде што била сместена бразилската репрезентација.

За негова среќа успеал да наиде на полициска контрола, која веднаш го препознала.

Кака им признал на органите на редот дека се загубил додека го разгледувал градот, по што со возилото на полицијата бил вратен во хотелот во кој престојува неговата селекција.
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Фудбалски вести Empty
ПишувањеПредмет: Re: Фудбалски вести   Фудбалски вести Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Фудбалски вести
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-
» Вести
» Вашиот најомразен фудбалски клуб

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Комарец :: Спорт :: Фудбал-
Отиди до: